Предвремените парламентарни избори во Србија се одржуваат утре. Изборниот молк започна на полноќ и ќе трае до недела во 20 часот. „Студентската листа – Студентите победуваат“, главната опозициска сила на предвремените парламентарни избори синоќа на плоштадот Славија во Белград го одржаа својот последен предизборен митинг. 

Кон Славија организирано се тргнало во шест колони од различни делови на градот: од Нов Белград, од Земун како и од Чукарица. Според организаторите, на собирот учествувале околу 150.000 луѓе.

„Студентска листа – Студентите победуваат“ има цел во недела на парламентарните избори  да стави крај на владеењето на деснопопулистичката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, кое трае повеќе од 14 години.

Слични новости

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.