Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика дали некој ќе излезе или влезе заради превирањата во коалицијата ВРЕДИ – изјави претседателот на Собранието Африм Гаши.

Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека парламентарните избори треба да се одржат во редовен термин, како и дека новиот закон за правична застапеност го очекува до крајот на месецот.

„Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина…. 

…. Се разговара за канализација, за водовод, за почисти патишта, осветлување и мислам дека не треба високата политика да ја вметнеме во делот на локалните избори, во изборите кои следуваат, овие редовни. Така да не би ги ставил во иста паралела, ова што е парламентарно мнозинство,мислам дека треба да продолжи до крајот на мандатот, да дадеме политичка стабилност на граѓаните, дека Собранието, владата, си течат со работа. Локални избори е друга тема“,  рече Гаши.

globe

Слични новости

Владата е стабилна и силна и покрај бројните предизвици и наследената економска катастрофа, заклучок од седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Владата е стабилна и силна и покрај бројните предизвици и наследената економска катастрофа, заклучок од седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој – соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

Јас сум информиран дека имало најмалку две или три средби на кои директно се сретнале Арбен Таравари и Али Ахмети, но нема ништо лошо во тоа, оцени денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села