Во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина загинаа 13 лица, а најмалку 58 беа повредени, меѓу кои и седум деца. Погодени беа станбени згради во Киев и Дњепар, каде што се и најголемиот број загинати цивили.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека биле погодени десетици станбени згради и четири болници, изразувајќи загриженост дека можеби има луѓе заглавено под урнатините.

Според украинското воздухопловство, во раните утрински часови, руската армија лансирала 650 беспилотни летала и 73 крстосувачки ракети, од кои 642 биле пресретнати и уништени.

Слични новости

Томас Ален, напаѓачот на вечерата во Белата куќа обвинет за атентат врз Трамп

Томас Ален, напаѓачот на вечерата во Белата куќа обвинет за атентат врз Трамп

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави.

Трамп го отфрла иранскиот предлог

Трамп го отфрла иранскиот предлог

Американски функционер тврди дека Доналд Трамп не е задоволен од предлогот на Иран за прекин на војната, бидејќи не го опфаќа клучното прашање за нуклеарната програма.