Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во последниот квартал од 2024 година биле регистрирани 601 развод, што е зголемување од 23,9 отсто во споредба со истиот период лани. Истовремено, бројот на склучени бракови опаднал за 14,7 проценти, со вкупно 2.430 бракови.

Според експертите, една од главните причини за зголемениот број разводи е избрзаното стапување во брак без доволно запознавање меѓу партнерите. Недостатокот на комуникација, различните животни вредности и финансиските проблеми, исто така, играат клучна улога во распадот на брачните заедници. Социолошките фактори, како што се мешањето на семејствата во брачниот живот и неможноста на младите парови да живеат самостојно, дополнително ги зголемуваат тензиите.

Покрај браковите, статистиката покажува и пад на бројот на раѓања. Во истиот период се родени 3.968 деца, што е намалување од 4,2 отсто во однос на претходната година. Бројот на починати изнесува 5.174 лица, што резултира со негативен природен прираст од -1.206.

Овие трендови укажуваат на сериозни демографски промени, кои во иднина може да имаат значајни социоекономски последици за земјат

globe

Слични новости

Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата

Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски