Германската „Commerzbank“ во четвртокот објави дека ќе укине 3.900 работни места, заедно со поамбициозни финансиски цели како дел од ажурираната стратегија што треба да ја зајакне нејзината позиција по зголемениот сопственички удел на италијанската „UniCredit“ банка.
Повеќето од работните места треба да бидат укинати во Германија, а програмата треба да заврши до 2028 година. Истовремено „Commerzbank“ ќе вработува во странство, што значи дека бројот на вработените со полно работно време ќе остане непроменет, се вели во соопштението.

Управата, под водство од извршниот директор Бетине Орлоп, со месеци ја прилагодуваше стратегијата за која вели дека ќе го открие „значајниот потенцијал на вредноста“ на „Commerzbank“.
Претходно најавија дека реструктуирањето годинава ќе ги чини 700 милиони евра.
Во четвртокот, управниот одбор истовремено го подигна целното ниво на нето добивка во 2027 година од 3,6 милијарди на 3,7 милијарди евра. Соодносот на трошоците и приходите треба да биде 53 проценти во 2027 година, според најновите проценки, и да биде за еден процент помал од досегашните планови.
Во 2024 година, приходот на германскиот заемодавач порасна за 6 отсто, на 11,1 милијарди евра, по речиси идентично зголемување на надоместоците и провизиите. Приходите од камати, сепак, останаа на нивото од претходната 2023 година.
Италијанската банка „UniCredit“ го зголеми својот удел во „Commerzbank“ за околу 28 отсто на крајот од минатата година, со повторена напомена дека потегот треба да се толкува само како инвестиција. Тие, исто така, побараа дозвола од регулаторот Европската централна банка (ЕСВ), да го зголемат својот удел на 29,9 отсто. Доколку достигне 30 отсто, „UniCredit“ ќе мора да поднесе јавна понуда за преземање.
Извршната директорка на „Commerzbank“ на почетокот од октомври предупреди дека потенцијалното преземање од „UniCredit“, исто така, ќе донесе значителни ризици, вклучително и послабо кредитирање на малите и средни компании.
Интегрирањето на двете банки би било исклучително тешко, изјави Орлоп за германскиот деловен весник Handelsblatt, посочувајќи на тешкотиите во спојувањето на „Commerzbank“ и „Dresdner Bank“ во 2008 година.
„Не можеме да си дозволиме таков застој во денешниот свет на технолошки превирања и многу интензивна конкуренција“, нагласи таа.
Слични новости
Инфлацијата во САД забави во февруари
Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар
Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари до 71 долар, поттикнати од знаците за посилна побарувачка во САД
Кина и на почетокот од 2025. бележи најголем скок во продажбата на електрични автомобили
Кина остана на врвот на глобалното рангирање во однос на скокот на продажбата на електрични возила во февруари, при што Европа и Северна Америка исто така забележаа двоцифрен раст