Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во средата изјави дека враќањето на Украина на нејзините граници од пред 2014 година не е реално и дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не го гледа членството на Украина во НАТО како дел од решението за војната против Русија.

Говорејќи на состанокот на воените сојузници на Украина во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет на најдиректен начин го претстави пристапот на новата американска администрација кон речиси тригодишната војна во Украина.

Тој, исто такам, рече дека земјите-членки на НАТО ќе мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да преземат поголема одговорност за европската безбедност.

„Ние, како и вие, сакаме суверена и просперитетна Украина. Но, прво мора да признаеме дека враќањето на Украина на нејзините граници од пред 2014 година не е реална цел“, рече Хегсет на состанокот на повеќе од 40 земји кои ја помагаат Украина.

„Остварувањето на оваа илузорна цел само ќе ја продолжи војната и ќе предизвика нови страдања“, додаде шефот на Пентагон

Русија го анектираше Крим во март 2014 година, а потоа ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина во вооружениот бунт против Киев.

Москва моментално контролира околу 20 отсто од украинската територија, најмногу на исток и југ.

Хегсет рече дека трајниот мир бара „цврсти безбедносни гаранции за да не започне повторно војна“.

„САД не веруваат дека членството на Украина во НАТО е реален исход на решение преку преговори“, нагласи тој. Наместо тоа, безбедносните гаранции треба да бидат поддржани од „способни европски и неевропски сили“, додаде.

„Доколку овие војници во одреден момент бидат распоредени во Украина како мировници, тие треба да бидат распоредени како дел од мисија што не е во рамките на НАТО, а не да бидат опфатени со член 5“, рече тој, мислејќи на членот за заемна одбрана на НАТО.

Европа треба да обезбеди „огромно“ мнозинство од идната помош за Украина, рече Хегсет, истакнувајќи дека САД повеќе нема да толерираат „неурамнотежени односи“ во НАТО.

„САД остануваат посветени на Организацијата на Северноатлантскиот договор и одбранбеното партнерство со Европа. Но, САД повеќе нема да толерираат неурамнотежен однос што поттикнува зависност“, рече американскиот секретар за одбрана на отворањето на состанокот на контакт групата која ја координира воената помош за Украина.

globe

Слични новости

САД депортираа стотици осомничени припадници на венецуелска банда

САД депортираа стотици осомничени припадници на венецуелска банда

Соединетите држави депортираа стотици наводни членови на венецуелската банда Трен де Арагуа користејќи го Законот за странски непријатели од 1798 година, кој сега е блокиран, изјави мериканскиот државен секретар Марко Рубио

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.

Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени

Распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, меѓу жртвите и полицаец од Радовиш на должност