На Денот на благодарноста во САД немаше натпревари во северноамериканската НБА кошаркарска лига, додека петок ги носи последните 11 натпревари од НБА Купот, по што ќе бидат познати сите осум тима што ќе се пласираат во нокаут фазата.
Ова е трето издание на НБА Купот, во претходните победници беа Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс.
Сите 30 тима учествуваат во Купот, кој е поделен во шест групи од по пет тима, по три групи во секоја конференција, по што следат елиминациски натпревари.
Секој тим во групата игра четири натпревари, два дома и два на гости, кои се сметаат и за Купот и за регуларната сезона.
Шесте победници во групите, како и двата најдобри второпласирани тима, по еден од секоја конференција, се пласираат во елиминациските фази. Четвртфиналето ќе се игра на 9-ти и 10-ти декември на домашните терени на најдобрите тимови во групната фаза. Полуфиналните натпревари (13-ти декември) и финалето (16-ти декември) ќе се играат во „Т-Мобајл Арената“ во Лас Вегас.
НБА го воведе овој турнир за да го зголеми интересот за натпреварите на почетокот од сезоната, да им обезбеди на играчите уште една можност да се натпреваруваат и потенцијално да освојуваат трофеи, како и да додаде дополнителна динамика и возбуда за навивачите.
Последните 11 натпревари се закажани за петок, а досега само Торонто и ЛА Лејкерс го обезбедија продолжението на натпреварувањето.
Во игра се уште 12 клуба за преостанатите шест места пред последното коло, додека 16 тима повеќе немаат никакви изгледи за натамошен пласман.
ЛА Клиперс моментално се на третото место во својата група со скор 2-1, колку што има и Мемфис, додека Лејкерс се на врвот со максимален учинок. Клиперс ќе бараат победа во натпреварот против Мемфис што би им го донела второто место во групата и можеби една од двете „вајлд карти“.
Сакраменто ќе биде домаќин на Јута Џез, но ниту еден од тимовите нема шанси да го продолжи натпреварувањето. Њу Орлеанс Пеликанс се наоѓаат на дното од својата група со четири порази, а нивниот настап во Купот заврши пред петок.
Слични новости
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа


