Златото привлекува сѐ поголемо внимание кај светските медиуми, а во текот на изминатата година неговата цена се зголеми за речиси 30 отсто и сѐ повеќе инвеститори, поединци и централни банки ширум светот инвестираат во злато.
Речиси 3.700 тони злато се произведени во светот во 2023 година, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Ова е највисок производствен капацитет во изминатите пет години. Сегашната проценка е дека во подземни резерви останале околу 57.000 тони злато. Тоа значи дека, хипотетички, ако производството продолжи со ова темпо, и ако не се најдат нови резерви, би се ископало целото преостанато злато во светот за само околу 15 години.
Оваа ограничена понуда, во комбинација со скапиот и сложен процес на ископување е еден од клучните фактори што му даваат вредност на златото. Како што сѐ повеќе земји се свртуваат кон златото како безбедно засолниште за инфлацијата, глобалните тензии и вооружените конфликти, интересно е да се разгледа од каде доаѓа тоа злато.

Кина
Кина е најголемиот производител на злато во светот. Секоја година од кинеските рудници се извлекуваат околу 370 тони злато кои потоа се преработуваат и користат за инвестициски и потрошувачки цели. Кина има огромна „златна“ култура. Се почитува како инвестиција, во форма на инвестициско злато и како украс во форма на накит или скапоцени предмети. Културата на подарување злато во Кина е огромна, тешко е да се најде кинеска прослава без злато како подарок.
Покрај тоа, Кинезите инвестираат големи суми пари во злато, не само поради традицијата, туку затоа што кинеските поединци претпочитаат побезбедни и постабилни инвестиции.
Поради оваа голема побарувачка, Кина е и најголем потрошувач на злато секоја година, само во првите 9 месеци од оваа година Кинезите купиле повеќе од 740 тони злато.
Русија
Вториот најголем производител на злато во светот е Руската Федерација, која секоја година произведува околу 320 тони злато. Русија е најголемата земја во светот и логично има големи подземни резерви на жолтиот метал. Покрај самото производство, акумулацијата на златни резерви е една од алатките што руската централна банка ги искористи за да го намали влијанието на западните санкции врз нејзините девизни резерви.
Австралија
Австралија е трета по ред и произведува околу 290 тони злато секоја година и е историски позната по производството на злато, а со децении е главен извор на најчистото злато за британската кралска ковачница. Австралиските производители и денес испраќаат злато во Британија за да се преработи во прачки и монети. Австралија, исто така, произведува злато и монети преку ковачницата во Перт. Земјата е општо позната по изобилството на природни ресурси што ги експлоатира.
Канада
Канада е четврта на листата со производство на околу 190 тони злато секоја година. Кралската канадска ковачница е светски позната и по своето висококвалитетно злато, а златникот од канадски јаворов лист со ликот на актуелниот крал на Британија Чарлс е еден од најбараните златници во светот.
САД
Америка е петти по големина производител на злато во светот и секоја година во оваа земја се произведуваат околу 165 тони злато. Таа е и еден од главните финансиски пазари за злато, каде на берзата се тргува со „хартиено злато“. Американските фондови на ЕТФ купуваат злато, а потоа издаваат акции на самиот фонд, кои поединците можат да ги купат за да добијат т.н. „хартиено злато“.
Сојузот кој освен Кина и Русија, го основаа Индија, Бразил и Јужноафриканската Република, а од минатата година му се придружуваат десетина земји, најави потенцијална размена на благородни метали, а се чини дека БРИКС сака да стане поголем играч на пазарот на злато и други благородни метали, пазар кој традиционално го водат западните земји и до ден денес остануваат најсилен фактор во него.
Земјите ширум светот се занимаваат со ископување злато, но овие пет земји произведуваат над 30 отсто од годишната понуда.
Бидејќи повеќе поединци, инвеститори и централни банки ширум светот гледаат на златото како засолниште на капиталот во периоди на инфлација и геополитички турбуленции, самиот свет на производство на злато ќе станува сè поважен.

Слични новости
Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна
Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст
Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта
Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.
Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол
Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.