Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денес оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република Жерар Ларше. На средбата присуствуваа и Седрик Перен, претседател на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружените сили, г. Жан Франсоа Рапен, претседател на Комисијата за европски прашања, Марта де Сидрак, претседател на Групата за пријателство Франција- Западен Балкан и Арно Базен, заменик—претседател на Групата за пријателство Франција- Западен Балкан.
Претседателот Ларше, посакувајќи му топло добредојде на својот соговорник, потенцираше на историскиот момент, бидејќи ова е прв пат, од независноста, Сенатот да биде домаќин на Претседател на Собрание на Република Северна Македонија и дека нејзиното одржување е јасна порака за нашиот интерес да отпочнеме подиректна соработка на теми од взаемен интерес.
Јасно нагласи дека Сенатот го поддржува членството на земјата во ЕУ, како и средствата од европските фондови за унапредување на тој процес. Беа поздравени комплексните компромиси и реформски чекори од наша страна, како и нашата усогласеност со барањата на ЕУ и позициите на Заедничката надворешна и безбедноста политика.
Гаши, искажа особена благодарност за реализацијата на посетата и за придонесот на француските државници во градењето на нашата држава. Темелите на кои почива француската држава “слобода, еднаквост и братство” како основни цивилизациски вредности, треба да бидат подеднакво почитувани од сите и негирањето на истите не смее биде дозволено на светско ниво, но и во европски рамки.
Во однос на евроинтеграциите, беше истакнато дека одогловлекувањето на процесот за држава која прва ја потпишала Спогодбата за стабилизација и асоцијација од сите земји регионот, усложнувањето на пристапувањето со билатерални прашања значително го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ, ги зајакнува влијанијата од трети страни и ја намалува поддршката кај граѓаните за членство во Унијата. Апелираше за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер. Соговорниците беа согласни дека значително отсуствува соработката на економски план и степенот на француски инвестиции во земјата, со заложби за нивно зголемување во иднина. Истовремено, на парламентарно ниво, заеднички беше ставот дека соработката треба да се продлабочува на поле на европските прашања, за кои целосно на располагање стои Сенатот на Француската Република.
Слични новости
Полициска акција на неколку локации низ државата
Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како што и доликува! Чест ми е што како министерство предложивме законски решенија кои овозможуваат опција за време на патронат, државен празник, на почеток и на крај на учебната година, во училиштата да се интонира македонската химна со согласност од општините, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Коалиција „Вреди“: Граѓаните да не западнат во замката на политички манипулации на ДУИ
Коалицијата на Албански партии ВЛЕН најостро ја осудува реториката на предизвикување тензии и поларизација која продолжува да ја користи ДУИ, а која што за единствена цел има да ги прикрие огромните корупциски скандали на високите функционери на оваа партија, велат од ВЛЕН.