Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди.
Директорот на клиниката Игор Мерџановски изјави една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.
На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.
Слични новости
Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка
По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши
Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна останува во сила, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност.


