Славната британска актерка Џуди Денч отворено прозбори за нејзината болест на очите и призна дека веќе не може да препознае никого. На Оскаровката претходно и беше дијагностициран макуларна дегенерација поврзана со нејзината возраст.

Мајо клиниката соопшти дека оваа болест предизвикува заматена глетка или намалена видливост и се случува кај луѓе над 50 годишна возраст.

Во интеврју за телевизискиот канал Ај ТВ таа рече дека поради нејзините проблеми со видот престанала да глуми и дека веќе не може ниту да гледа телевизија ниту да чита весници.

Џуди Денч е една од најголемите актерки на нејзината генерација и доби Оскар за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“ а светска слава стекна со улогите во франшизата за Џемс Бонд.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.