Чикаго Булс на домашен терен извојува победа од 119:117 против Лејкерс со драматичен пресврт во последните 10 секунди од натпреварот.

Лејкерси водеа 115:109, а Коби Вајт десет секунди пред крајот постигна тројка. Лејкерси имаа напад, но изведувањето на Леброн Џејмс кон Остин Ривс го пресече Гиди, го проигра Вајт кој постигна уште една тројка за 116:115 за Булс.

Во последниот напад за Лејкерс Остин Ривс постигна кош на 3 секунди пред крајот, Чикаго немаа тајм аут и ја изведоа топката од под кошот до Гиди кој од сопствената половина постигна тројка во последната секунда од мечот за победа на Булс.

Џош Гиди со трипл дабл 25 коша, 14 скока и 11 асистенции ги предводеше Булс во победата, а Коби Вајт постигна 26 поени.

Кај Лејкерс Остин Ривс беше најефикасен со 30 поени, а Лука Дончиќ постигна 25. Леброн Џејмс постигна 17 коша со 12 асистенции. 

Лејкерси се четврти на западот со идентичен скор како петопласираниот Мемфис, а Чикаго дојдоа до деветата позиција на истокот со серијата победи и се борат за што подобар пласман во плеј инот. 

 

Слични новости