
Телевизиската серија на ХБО „Хари Потер“ и официјално го најде својот магионичар во школата за магии Хогварт во актерот Џон Литгоу.
79 годишниот Џон Литгоу рече дека бил изненаден од понудата да го игра Албус Дамбледор во серијата хари Потер според книгите на Џеј Кеј Роулинг.
„Само што завршив со телефонски разговор од Санденс фестивалот во кој прифатив улога за филм, ми се јавија за серијата Хари Потер.
Не беше лесна одлука, затоа што овие ролји ќе го дефинираат последното поглавје од мојот живот“, рече актерската ѕвезда.
Во многу богатата кариера во која имаше и неколку Еми и ниминации за Оскар, последните проекти на Литгоу беа филмот „Конклава“, улогата на Винстон Черчил во серијата „Круната“, како и фимот „Стариот човек“.
Серијата за Хари Потер чие снимање почнува летоска е опишана како многу подлабока адаптација на седумте книги на Роулинг во однос на филмската франшиза за Хари Потер.
Слични новости
Донатела Версаче веќе не креативен директор на брендот
Донатела Версаче ќе се повлече од функцијата главен креативен директор на брендот Версаче по речиси три децении во оваа улога, објави во четвртокот сопственикот „Capri Holdings“
Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба
Џеф Даниелс се придружи на кастот за третата сезона од серијата „Shrinking“
Серијата „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона.