Џон Гудман го повредил кукот на снимањето на новиот филм на Александро Инариту и сега се опоравува, јавуваат американските медиуми.

Филмот што Инариту го снима за студијата Ворнер Брос и Леџендари е првиот што Инариту го снима на англиски јазик по Оскаровецот „Ревенант“. Главната улога во филмот ја толкува Том Круз.

Портпарол на Ворнер Брос изјави дека Џон Гудман го повредил колкот и дека веднаш му била пружена медицинска помош. Актерот сега се одмара и тоа ќе доведе до извесно доцнење во продукцијата, соопшти портпаролот на Ворнер.

Првично беше замислено филмот да ја има својата премиера во октомври 2026, заедно со премиерата на продолжението на Бетмен.

 

Слични новости

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон