Не сме тука да водиме војни и мислам дека проблемите кои што постојат во судството се заеднички на судската, извршната и законодавната власт и заедно треба да ги решаваме, вели претседателот на Здружението на судии и претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев.
Прашан за најавените реформи и робусна акција во правосудството, Џолев посочи дека судството е едно од најреформираните области.
„ Судството е едно од најреформираните области и ние ќе продолжиме во тој правец да се однесуваме. Тоа е потрбено за сите, за владеење на правото, за правна држава. Не сме тука да водиме војни и мислам дека проблемите кои што постојат во судството се заеднички и на судската и на извршната и на законодавната власт. Ќе повторам, заедно треба да ги решаваме и судството во тој правец размислува, изјави Џолев, во одговор на новинарски прашња по отворањето на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Здружението на судии, во соработка со Амбасадата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага.
Во однос на пораката за сплотеност на судиите, Џолев посочи дека заедништвото дава сила.
„ Сметам дека во иднина треба навистина да бидеме сплотени, без разлика на хиерархиската поставеност во судството. Сите заедно. Врховниот суд, Судскиот совет, Здружението на судии, судиите генерално треба да се држиме повеќе заедно и да работиме заедно да ги детектираме проблемите и да ги решаваме“, изјави Џолев.
На судството, нагласи Џолев, е потребна помош и од извршната и од законодавната власт, за, како што посочи, да се изгради една поинаква перцепција.
„Ве уверувам дека и на оваа меѓунаодна конференција организирана од Здружението на судии ќе чуете дека рејтинзите со кои се манипулира во јавноста во однос на довербата на граѓаните во судството од два проценти не се точни“, изјави Џолев.
Слични новости
Настрада македонската амбасада во Киев по рускиот ракетен напад, нема повредени дипломати
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“
Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата
Клиниките подготвени за работа во вонредни услови, итните интервенции ќе се прават непречено
Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градот