Австралискиот актер Џоел Еџертон е добитник на годинашната почесна награда за актерство на 33-тиот камераимаж, светскиот водечки филмски фестивал за уметноста на кинематографијата.

Еџертон ќе присуствува на фестивалот што ќе се одржи од 15-22 ноември во полскиот град Торун, а на фестивалот ќе се прикаже последниот филм во кој тој настапува „Возот на соништата“ на Клинт Бентли.

Филмот ќе се најде кусо во кината на крајот на ноември , пред стримерот Нетфликс да почне да го прикажува на својата платформа.

Еџертон кој ја почна кариерата како театарски актер во Сиднеј, стекна светска популарност со криминалната драма „Animal Kingdom“.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година