Легендарниот холивудски глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.
Хекман (95) починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека Аракава (65) починала од хентавирусен белодробен синдром, респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари.

„Веруваме дека Аракава починала на 11 февруари и можеме да заклучиме дека Хекман починал на 18 февруари“, изјави Хедер Џарел, шефицата на канцеларијата за медицински истраги на Ново Мексико.
„Имајќи предвид дека Хекман имал напредна фаза на Алцхајмеровата болест, можно е дека тој не ни бил свесен дека неговата сопруга починала. Хекман имал и значајно срцево заболување и хронично висок крвен притисок и тоа веројатно ја предизвикало неговата смрт. Тој не јадел ништо во последните денови, но не се пронајдени знаци на дехидрација“, додаде Џарел.
Хекман, еден од најзначајните американски актери доби два оскара во кариерата долга повеќе од четири децении, во која забележа над 100 филмски улоги.
Слични новости
Премиера на „Holland“ со Никол Кидман и Метју Мекфајден
Премиерата на новиот филм „Holland“ со Никол Кидман беше во неделата, на која актерката најави дека по овој проект конечно ќе земе одмор. Никол Кидман беше и продуцент на филмот „ Holland“ кој го режираше младата режисерка Мими Кејв.
Премиерата на „Сметководителот 2“ со Бен Афлек закажана за 25 април
Критиката смета дека синергијата меѓу двајцата главни актери Бен Афлек и Џон Бернтал е таа што го носи и му дава вредност на филмот.
Филмот „Мики 17“ на врвот на бокс офисот во Северна Америка
„Мики 17“, новиот филм на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, кој го освои Оскар за најдобар филм со „Паразит“ во 2020 година, е водечки во северноамериканскиот бокс офис овој викенд, според проценките објавени во неделата од специјализираната фирма Exhibitor Relation