Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви неколку дена, а можеби и неколку недели, пред да бидат пронајдени нивните тела во домот во Санта Фе, изјави шерифот на округот во Њу Мексико.

„Врз основа на состојбата на телата и другите докази, се чини дека Хакман и Аракава биле мртви неколку дена, можеби дури и до неколку недели“, изјави шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза за Ен -Би Си.

Мендоза рече дека побарал токсиколошки извештаи за лековите пронајдени во куќата, нарекувајќи го „причина за загриженост“. Очигледно е многу важен доказ на местото на настанот, рече Мендоза, додавајќи дека извештајот за токсикологија може да трае три месеци или подолго.

Шерифот повторно ја отфрли можноста за кривично дело, а куќата имал и природен гас чие истекување можеби одиграло улога во нивната смрт.

Оскаровецот Џин Хекман, поранешен маринец, играше во повеќе од 80 филмови, некои од нив и култни, како и на театар и телевизија во долгата кариера што започна во 60-тите години на минатиот век.

Слични новости

Хекман и сопругата можеби биле мртви со седмици

Хекман и сопругата можеби биле мртви со седмици

Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви неколку дена, а веројатно и неколку седмици, пред да бидат пронајдени нивните тела во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, изјави во петокот шерифот на округот