Ѕвездата на Мајами Хит Џими Батлер е повторно суспендиран од матичниот клуб поради непрофесионално однесување. Кошаркарот е казнет откако го напушти тренингот на екипата, бидејќи му било соопштено дека нема да игра во првата петорка на тимот. Батлер е суспендиран на неопределно време.

Претходно оваа сезона Батлер прб пат беше суспендиран на два, а вториот пат на седум натпревари. Неговите односи со претседателот на Мајами Пат Рајли се многу влошени, бидејќи Батлер сака да замине од клубот, а Рајли не сака да го пушти.

Оваа сезона 36 годишното крило на Мајами Џими Батлер, според договорот има годишна плата од речиси 49 милиони долари.

Слични новости