Американскиот потпретседател ЏејДи Венс слета во петокот на Гренланд додека претседателот Доналд Трамп продолжува да инсистира Вашингтон да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија.

Посетата на американската воена база во Питуфик на северот на арктичкиот остров доаѓа само неколку часа откако во главниот град Нук беше претставена новата проширена владина коалиција, која засега сака да ги задржи врските со Данска. Новиот премиер рече дека посетата на Венс покажува „недостиг од почит“ и повика на единство во услови на „надворешен притисок“.

 

Данскиот крал објави изјава на социјалните мрежи во која вели: „Живееме во изменета реалност. Не треба да има сомнеж дека мојата љубов кон Гренланд и мојата врска со народот на Гренланд се недопрени“, пишува кралот Фредерик.

Во американската делегација се и сопругата на американскиот потрпеседател Уша Венс, советникот за национална безбедност Мајк Волц и министерот за енергетика Крис Рајт. Според првичната програма, сопругата на ЏејДи Венс и Волц требаше да присуствуваат на трката со санки со кучиња, иако европските медиуми наведуваат дека ниту гренландските, ниту данските власти не ги поканале, иако станува збор за настан од јавен и отворен карактер.

Поради јавните протести и гневните реакции од Гренланд и Данска, американската делегација едноставно одлета во воена база и нема да се сретне со јавноста.

Според договорот од 1951 година, претставниците на САД можат да ја посетат нивната база кога сакаат, под услов да го известат Гренланд или Копенхаген. Питуфик се наоѓа на најкратката рута од Европа до Северна Америка и е од клучно значење за американскиот систем за рано предупредување за балистички ракети.

globe

Слични новости

Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ

Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ

Францускиот суд во понеделникот ја прогласи лидерката на крајната десница Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија, во судење што може да ги уништи нејзините претседателски надежи

Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси

Украина го преиспитува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските ресурси

Додека Украина не е задоволна од новиот американски нацрт-договор за ретките минерали, Русија објави дека почна заеднички проекти со САД за нејзините рудните ресурси