Серијата  „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона. Како што јавуваат медиумите од Холивуд, Даниелс во серијата ќе го игра таткото на Џејсон Сигал. Во серијата играат и Харисон Форд, Криста Милер, Лук Тени и Мајл, Ури.

Даниелс неодамна ја играше главната улога во мини серијата на Нетфликс „ A Man in Full“ каде што одлично ја одигра улогата на бизнисмен мегаломан од Џорџија кој на крајот заглавува во огромни долгови кај банките.

Џеф Даниелс никогаш претходно не играл во телевизиска серија што е комедија, но има играно во филмови комедии, од кои најпозната е неговата улога во комедијата „Dumb and Dumber“.

 

Слични новости