
Серијата „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона. Како што јавуваат медиумите од Холивуд, Даниелс во серијата ќе го игра таткото на Џејсон Сигал. Во серијата играат и Харисон Форд, Криста Милер, Лук Тени и Мајл, Ури.
Даниелс неодамна ја играше главната улога во мини серијата на Нетфликс „ A Man in Full“ каде што одлично ја одигра улогата на бизнисмен мегаломан од Џорџија кој на крајот заглавува во огромни долгови кај банките.
Џеф Даниелс никогаш претходно не играл во телевизиска серија што е комедија, но има играно во филмови комедии, од кои најпозната е неговата улога во комедијата „Dumb and Dumber“.
Слични новости
Џена Ортега одушевена од соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“
Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.