Џеф Бакли постхумно постави нов рекорд: Неговата балада „ „Lover, You Should’ve Come Over” влезе на Билборд 100 те жешки хитови. Песната од неговиот дебитанстки албум од 1994 „Grace”дебитираше на 97. Место на листата од 31 јануари, според стримовите на Билборд.
Според Луминејт песната имаше 3,8 милиони официјални стримови во САД минатата недела.
Новиот бран на популарност на Балку целосно дојде од социјалните мрежи, каде што куси клипови го прикажуваа неговиот прочуен врисок. Интересно е дека песната која сега добива на популарност никогаш не била објавена како сингл.
Слични новости
Голема конкуренција кај рок легендите за годинешниот прием во „Куќата на славните“
Меѓу номинираните се британскиот бенд „Оејзис“ „Џој Дивижн“ и Њу Ордер“ кои се всушност ист бенд и се всушност еден кандидат, Мараја Кери, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Фил Колинс и Шаде.
Парамаунт плус и ХБО макс стануваат една стриминг платформа
„Планираме да ги споиме двата сервиса, што денеска претставува нешто повеќе од 200 милиони претплатници“ ја пренесе Вашингтон пост изјавата на директорот на Парамаунт.
Тимоти Шаламе го претрпе и вториот пораз на големо доделување награди пред Оскарите
Синоќа, на доделувањето на актерските награди во Холивуд, Шаламе го претпре и вториот пораз во низа, откако актерската награда му беше врачена на Мајкл Б. Џордан за улогата во филмот „Грешници“.


