Американската тенисерка Џесика Пегула се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами откако утринава во полуфиналето ја победи Филипинката Александра Ијала со 2:1 во сетови ( 7:7, 5:7, 6:3). Пегула која е четврта тенисерка на светот се намачи во меч што траеше два и пол часа против Филипинката Ијала која е 140 -та на ВТА листата.

Ијала на Мастерсот во Мајами направи две големи изненадувања откако ги елиминираше петтата носителка Медисон Киз и втората носителка Ига Швјонтек.
Пегула во финалето на турнирот во Мајами ќе игра против првата носителка Арина Сабаленка од Белорусија која во првото полуфинале ја победи Јасмин Паолини со убедливи 6:2 и 6:2.
Кај мажите денеска во полуфиналето ќе играат Србинот Новај Ѓоковиќ против Бугаринот Григор Димитров и Јакуб Менсик од Чешка против Американецот Тејлор Фриц.
Слични новости
Бетис го доби градското дерби со Севиља, Барселона ја одржува преднос пред Реал
Во последниот неделен натпревар од 29-то коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Бетис ја совлада Севиља со 2:1 во градското дерби
Наполи го победи Милан, ја одржа разликата зад Интер
Во дербито од 30. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Наполи го совлада Милан со 2:1, намалувајќи ја разликата зад водечкиот Интер на три бода
ФА Куп: Манчестер Сити последен полуфиналист
Манчестер Сити е последниот тим што стигна до полуфиналето на англискиот ФА Куп, победувајќи со 2:1 на гостувањето кај Борнмаут