Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави американскиот веб-таблоид TMZ кој е специјализран за новостите од светот на славните.

Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за таблоидот.

Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).

Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.

Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.

Тие се верија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.

globe

Слични новости

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење за убиството на сет на снимателка

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење за убиството на сет на снимателка

Американскиот глумец Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба поради наводно злонамерно судско гонење и кршење на неговите граѓански права во врска со обвиненијата за убиство на снимателка на снимањето на вестерн филмот “Раст“.

Актерката Џејми Ли Кертис ќе донира милион долари помош за погодените во пожарот во Лос Анџелес

Актерката Џејми Ли Кертис ќе донира милион долари помош за погодените во пожарот во Лос Анџелес

Актерката Џејми Ли Кертис, една од многуте познати личности кои мораа да побегнат од пожарот во Калифорнија, изјави дека нејзиното семејство ќе донира еден милион долари помош за погодените во пожарите.