Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон кои играа во оригиналниот „Hunger Games“ на студиото Лајонсгејт, повторно ќе играат заедно во шестото продолжение на франшизата.
Станува збор за приквел со наслов The Hunger Games> Sunrise of Reaping“. Режисер на филмот же биде Френсис Лоренс, а Лајонсгејт го најавува филмот за 2026. Во филмот како актери ќе играат и Ралф Фајнс, Џеси Племонс. Киеран Калкин и Глен Клоуз.
Приказната на филмот се поместува 24 години пред почетокот на првиот филм, а сценариото е базирано на книгата која е објавена во 2008. Првите пет филма од оваа франшиза заработија фантастични 3,3 милијарди долари.
Слични новости
Урсула фон дер Лајен најмоќна жена во 2025
На листата на 100 најмоќни жени во светот за 2025 година на угледниот американски магазин Форбс на прво место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
Килиан Марфи во преговори за третиот дел од „28 години подоцна“
Сони е во напредна фаза на претпродукција на третиот дел на филмот „28 години подоцна“ а за третото продолжение сакаат повторно да го ангажираат оскаровецот Килиан Марфи кој играше во првиот филм пред 20 години
Италијанската кујна на листата на УНЕСКО
УНЕСКО во средата ја вклучи италијанската национална кујна на својата листа на нематеријално културно наследство, официјално признавајќи ја важноста на оваа кулинарска традиција што со векови се пренесува од генерација на генерација


