Џенет МекТир која беше два пати номинирана за Оскар му се приклучува на извонредниот каст на серијата Мобленд (Земја на мафијашите) на режисерот Гај Ричи, објави Холивуд репортер. Серијата која ќе почне со емитување на 30 март на Парамаунт плус ја предводи импозантен каст кои го предводат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен.

Мобленд се фокусира на ирска мафијашка фамилија предводена од Конрад Хариган кого го игра Пирс Броснан, Хелен Мирен ја игра неговата жена Мив која е мозокот на операциите, а Том Харди го игра Хари Де Суза ликвидаторот во криминалното семејство.

Џенет Мек Тир ќе игра опасен криминалец со кого не сакаат да си имаат работа криминалните босови од Лондон до Пекинг.

 

Слични новости

Куче пукало во сопственикот

Куче пукало во сопственикот

Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.