Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа.

Иако нејзината улога се уште не е откриена, главната ѕвезда на серијата, Џена Ортега, не ја криеше возбудата поради можноста да соработува со Гага.

„Беше неверојатно, Гага е најдобрата. Таа дефинитивно е една од најталентираните луѓе со кои сум работела. Беше навистина посебно да се сподели сет со неа и Тим Бартон. Тоа се двајца луѓе кои навистина ги почитувам и кои ме инспирираа“, изјави Ортега.

Таа реши да ги сподели и своите впечатоци за личноста на Гага.

„Многу е слатка, љубезна и малку повлечена, што е невообичаено. Ми се допаѓа што никогаш не знаеш што да очекуваш од неа, но секогаш можеш да сметаш на нејзината добрина и дарежливост“, открива актерката.

Серијата „Wednesday“, спин-оф на култното „Семејство Адамс“, ја следи Среда Адамс додека се обидува да се вклопи во необичното средно училиште, да истражува мистериозни убиства и да се соочи со нејзините натприродни моќи. Првата сезона од серијата имаше огромен успех, а виралната танцова сцена на Среда Адамс дополнително го зацврсти нејзиниот статус.

Во втората сезона на серијата „Wednesday“, Кетрин Зета-Џонс се враќа како Мортиша, Луис Гузман како Гомез, Исак Ордонез како Пугсли, Ема Мајерс како Енид Синклер и Хантер Дохан како Тајлер Галпин, заедно со Џена Ортега.

globe

Слични новости

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX победник на BRIT Awards

Пејачката Charli XCX, чиј албум „Brat“ инспирираше културен феномен минатото лето, е големиот победник, со пет награди, на овогодинешното доделување на BRIT Awards во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон

Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,