Кошаркарот на Мемфис Џа Морант ја заврши сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, соопшти клубот од НБА лигата. Во соопштението на Мемфис се наведува дека Морант би требало да се опорави од повредата до почетокот на подготовките за наредната сезона.
Џа Морант сезонава поради проблеми со повредите одигра само 20 натпревари, а во просек имаше 19,5 поени, 8,1 асистенција и 3,2 скока по натпревар.
Кошаркарите на Мемфис се наоѓаат на 12-тото место на табелата на Западната конференција на НБА лигата со 24 победи и 47 порази.
Слични новости
Атлетико Мадрид договори четири засилувања во зимскиот преоден рок
На крајотод зимскиот преоден рок Атлетико Мадрид заврши со дури 4 засилувања на составот. Спортскиот директор на Атлетико Матеу Алемани успеа да го...
Карлос Алкараз убедливо прв на АТП листата
Шпанецот Карлос Алкараз по освојувањето на Австралија опен ја зголеми предноста на првото место на АТП листата во однос на другите тенисери и сега има 13.650 бодови.
Леброн Џејмс по 22-ри пат на Ол стар натпреварот што е рекорд на НБА, но за прв пат како резерва
41 годишниот Џејмс по 22-ри пат во кариерата е избран да учествува на Ол стар натпреварувањето, но за прв пат во неговата кариера како резерва.