Кошаркарот на Мемфис Џа Морант ја заврши сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, соопшти клубот од НБА лигата. Во соопштението на Мемфис се наведува дека Морант би требало да се опорави од повредата до почетокот на подготовките за наредната сезона.
Џа Морант сезонава поради проблеми со повредите одигра само 20 натпревари, а во просек имаше 19,5 поени, 8,1 асистенција и 3,2 скока по натпревар.
Кошаркарите на Мемфис се наоѓаат на 12-тото место на табелата на Западната конференција на НБА лигата со 24 победи и 47 порази.
Слични новости
ЛА Клиперс го разменија Џејмс Харден за Дариус Граланд од Кливленд
НБА лигата и официјално ја потврди размената меѓу ЛА Клиперс и Кливленд со која Џејмс Харден го засилува Кливленд во обидот да се бори за шампоионска титула.
Понижување за Рахим Стерлинг пред истекот на преодниот рок
Челси им го понудиле Стерлинг на Унион Берлин, но Бундеслигашот не покажал интересирање на некогашниот англиски репрезентативец.
Хјустон ја победи Индијана со одлична партија на Шенгун
Хјустон Рокетс ја совладаа Индијана без Кевин Дурант, а товарот го презеде центарот Алперен Шенгун кој постигна 39 коша и имаше 16 скокови.