Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.

Клучната причина за заминувањето на Морант од Мемфис се нарушените меѓучовечки односи меѓу него и управата од клубот, а Мемфис драстично ја намали и пазарната цена за откуп на Морант.

Најверојатно за Морант, мајами ќе треба да отстапи прв пик на драфтот за мемфис следната сезона.

Морант, кој го следат контроверзи и суспензии се мачи и со повреди, па е сосема неизвесно дали годинава ќе заигра за Мајами доколку биде трејдуван.

Слични новости

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка Елена Рибакина победничка на Австралија опен

Руската тенисерка со казахстански пасош Елена Рибакина денеска стигна до својата втора Гренд слем титула откако во финалето на Австралија опен ја победи најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:1 во сетови 6:4, 4:6 и 6:4.