Токио веќе не е најнаселениот град на свет, туку го престигнаа Џакарта и Дака, покажуваат најновите податоци на Обединетите Нации. Џакарта е на првото место со близу 42 милиони жители, додека главниот град на Бангладеш Дака со популација од 37 милиони жители е втор, но се предвидува дека ќе ја претекне Џакарта до 2050 година.  

Во Токио живеат 33,4 милиони луѓе, но се предвидува дека до 2050 ќе го претекнат Шангај и Њу Делхи. Мегаградовите со над 10 милиони жители пораснаа од 8 во 1975 на 33 во 2025 година и тоа претежно во Азија.

Европа и натаму има ограничен број на мегаградови -Лондон, Истанбул и Москва.

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.