Семејството Озборн, предводено од Џек Озборн и неговата сестра Еми конечно го одбра глумецот што ќе го игра легендарниот рокер и фронтмен на „Блек Сабат“ во биографски филм за Озборн на кој долго се работи.

Филмот ќе биде фокусиран на страствената љубовна приказна меѓу Ози и неговата сопруга и менаџерка Шерон, а Џек и Еми Озборн работат на филмот како продуценти.

Самиот Ози Озборн сакаше неговиот лик да го толкува Дензел Вашингтон, но соопштено е дека е одбран друг актер, чие име сеуште се чува во тајност.

Пронајден бил и режисерот за филмот, а во моментов се работи на нова верзија на сценариото.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.