Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“. З
аедно со ќерката на Никол Кидман Сандеј во кампањата се појавија и актерките Лиу Хаокун и Џои Кинг, со кои Никол Кидман глумеше во филмот „A Family Affair“.
Ќерката на Кидман позираше за кампањата без шминка. Во промотивното видео за модната колекција, Сандеј позираше гледајќи го својот одраз во огледалото и имитирајќи свирење на флејта.
Новата кампања на тинејџерката се појави само три месеци откако таа го имаше своето деби на модната недела во Париз. Таа носеше и колекција од модната куќа „Miu Miu“, а покрај неа на пистата прошетаа и Амелија Греј, ќерката на актерот Хари Хамлин и актерката Лиза Рин и Елиот Самнер, ќерката на музичарот Стинг и актерката Труди Стајлер.
Слични новости
Кина влезе во годината на змијата
За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места
Кесичките со чај ослободуваат микропластика
Научниците од Шпанија пронајдоа траги од микропластика што влегуваат во човечките клетки откако ќе ги натопат кесичките со чај во вода
Квентин Тарантино пишува театарска драма
Тој се откажа од натамошно снимање филмови, но сепак рече дека доколку претставата биде голем хит, би можел да ја екранизира на филмското платно и дека тоа би бил неговиот последен филм што ќе го сними.