Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“. З

аедно со ќерката на Никол Кидман Сандеј во кампањата се појавија и актерките Лиу Хаокун и Џои Кинг, со кои Никол Кидман глумеше во филмот „A Family Affair“.

Ќерката на Кидман позираше за кампањата без шминка. Во промотивното видео за модната колекција, Сандеј позираше гледајќи го својот одраз во огледалото и имитирајќи свирење на флејта.

 

Новата кампања на тинејџерката се појави само три месеци откако таа го имаше своето деби на модната недела во Париз. Таа носеше и колекција од модната куќа „Miu Miu“, а покрај неа на пистата прошетаа и Амелија Греј, ќерката на актерот Хари Хамлин и актерката Лиза Рин и Елиот Самнер, ќерката на музичарот Стинг и актерката Труди Стајлер.

 

Слични новости

Холивуд ги следи случувањата на специјалниот Бокс офис каде што се емитуваат филмовите кои ќе се натпреваруваат за оскар

Холивуд ги следи случувањата на специјалниот Бокс офис каде што се емитуваат филмовите кои ќе се натпреваруваат за оскар

Најдобро на специјализираниот Бокс Офис поминува биопикот за Боб Дилан „Целосно непознат“ со Тимоти Шаламе во улогата на славниот американски рокер.

„Спасете го TikTok“, вели Трамп откако апликацијата стана недостапна во САД

„Спасете го TikTok“, вели Трамп откако апликацијата стана недостапна во САД

„Спасете го TikTok“, твитна новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social во саботата откако апликацијата за размена на куси видое содржини TikTok стана недостапна за корисниците во Соединетите држави