Станува збор за голема кампања на италијанската луксузна модна куќа „Miu Miu“, во која е заштитно лице на нивната колекција пролет/лето 2025 година, пренесува „Daily Mail“. З
аедно со ќерката на Никол Кидман Сандеј во кампањата се појавија и актерките Лиу Хаокун и Џои Кинг, со кои Никол Кидман глумеше во филмот „A Family Affair“.
Ќерката на Кидман позираше за кампањата без шминка. Во промотивното видео за модната колекција, Сандеј позираше гледајќи го својот одраз во огледалото и имитирајќи свирење на флејта.
Новата кампања на тинејџерката се појави само три месеци откако таа го имаше своето деби на модната недела во Париз. Таа носеше и колекција од модната куќа „Miu Miu“, а покрај неа на пистата прошетаа и Амелија Греј, ќерката на актерот Хари Хамлин и актерката Лиза Рин и Елиот Самнер, ќерката на музичарот Стинг и актерката Труди Стајлер.
Слични новости
Слоновите не се луѓе, пресуди американскиот суд
Врховниот суд во американската сојузна држава Колорадо во вторникот пресуди дека пет слонови во тамошната зоолошка градина не се луѓе и затоа немаат човеково право да бидат ослободени
Трамп го врати „црвеното копче“ за диетална кока-кола во Овалната соба
Овалната соба, каде што претседателите се среќаваат со странските шефови на држави, лидерите на Конгресот и од каде ѝ се обраќаат на нацијата, е дел од Белата куќа на која новиот претседател често додава личен печат за да ги одрази своите вредности и цели
Во четврток ќе бидат објавени номинациите за Оскар
Презентери на номинациите ќе бидат Рејчел Сенот и Боувен Јанг. Актерите и сценаристи Сенот и Јанг ќе ги презентираат номинациите во сите 24 категории.