Извршниот директор на компанијата Енвидија Џејсон Хуанг имал вонбрачна врска со потпретседателката на компанијата КИмберли Пауел, која работила директно под негов надзор, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на петмина вработени во Енвидија.

Хуанг и 48-годишната Пауел, кои обајцата се во брак, биле снимени како разменуваат љубовни зборови во еден хотел во Сан Хозе во Калигорнија, годинава во март.

Според кодексите на Енвидија, вработените мораат да избегнуваат ситуации што би можеле да доведат до конфликт на интереси, вклучувајќи и лични односи.

Сексуалната афера на Хуанг со жена од конкурентска фирма од Сингапур доведе до голем пад на акциите на Енвидија и загуба од 190 милијарди долари во еден ден, а акционерите ја тужат Енвидија за измама.

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.