Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со советниците за национална безбедност за спогодбата со Иран е завршен по два часа, без да биде донесена одлука, изјави висок претставник на американската администрација за „Њујорк тајмс“.
Асошиејтед прес јави дека била разгледувана рамка на договор за продолжување на примирјето за 60 дена и покренување нови преговори со Иран за нукеарната програма, но Трамп сеуште не донел одлука за потпишување на прелиминарната спогодба со Иран.
Вашингтон смета дека договорот со Иран е блиску, но дека одредени прашања сеуште треба да се разгледаат, вклучувајќи го и одмрзнувањето на иранските средства во странство.
Пред состанокот американскиот претседател Трамп порача дека Иран „мора да се согласи дека никјогаш нема да има нуклеарно оружје и дека Ормутскиот теснец мора да биде отворен веднаш, без патарини, за неограничен сообраќај во двата правци“.
Слични новости
Либан во преговори со Израел за запирање на војната
Аналитичарите оценуваат дека либанската влада „нема што да понуди“ во преговорите, бидејќи не може да гарантира клучен услов – разоружување на Хезболах.
ОН: Кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.
Иран: Заканите на Трамп со блокада се бесмислени и смешни
Командантот на иранската морнарица контраадмиралот Шахрам Ирани ги отфрли како „крајно бесмислени и смешни“ најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе поморска блокада на Ормутскиот теснец.


