Администрацијата на Трамп би можела целосно да ја прекине помошта за Украина, изјави извор од неговата администрација за „Њујорк тајмс“, кој наведува дека администрацијата на Бајден сметала дека е клучна воената помош за Киев од 67 милијарди долари, што Трамп ја гледа како средство за притисок.
По расправија во Овалната соба на Белата куќа, неименуван претставник на американската администрација изјави за NYT дека Трамп може да одлучи да ја прекине дури и индиректната помош за Украина. Ова вклучува други форми на воено финансирање, споделување разузнавачки информации, обука на украински војници и пилоти и формирање на меѓународен центар за управување со помош во американската воена база во Германија.

Официјален претставник на администрацијата на Трамп рече дека целата американска помош за Украина – вклучително и неодамнешните испораки на муниција и опрема што беа одобрени и платени за време на администрацијата на Бајден – наскоро може да биде суспендирана.
Според Килскиот институт, европските земји досега издвоиле 138 милијарди долари за украинските воени операции, додека американската воена и хуманитарна помош изнесувала 119 милијарди долари, наведува NYT.
Американскиот претседател Доналд Трамп, по судирот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, изјави дека Зеленски „покажал непочитување“ кон Соединетите држави и дека „не е подготвен за мир“.
За време на состанокот во Белата куќа, кој се пренесуваше во живо, Зеленски се судри со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за војната во Украина.

Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата