Њујорк Никс успеа да се врати од 29 коша дефицит, да направи преврт и да победи во четвртиот меч пред својата публика во Медисон Сквер Гарден. Во текот на целиот меч Сан Антонио водеше убедливо, делуваше дека нема спас и дека гостите од Тексас ќе го вратат и вториот брејк, но тогаш уследи серија која ја затвори Ануноби, најпрвин со блокада под сопствениот кош, а потоа со офанзивен скок и кош од одбојка на една секунда пред крајот на мечот.
На полувремето разликата беше дури 27 коша во полза на сан Антонио, кој сега веќе нема право на кикс и мора да ги победи сите три натпревари до крајот на серијата.
Досега во историјата ниту еден тим се нема вратено од минус 29 во едно НБА финале.
Слични новости
Најавено доаѓање на Алваро Арбелоа во Фулам
Доскорешниот тренер на Реал Мадрид Алваро Арбелоа е најсериозниот кандидат за тренерската позиција во Фулам, јавуваат британските медиуми.
Англија ја победи Костарика со 3:0 во генералната проба за Светското првенство, Тухел им даде шанса на сите играчи во ростерот
Фудбалерите на Англија убедливо ја победија Костарика со 3:0 во последниот подготвителен меч, пред Светското фудбалско првенство кое почнува вечерва. Англија изгледаше подготвено и упати дури 28 шутеви кон голот на противникот.
Аргентина убедлива против Исланд во генералната проба за Светското првенство
Фудбалерите на Аргентина го победија Исланд со 3:0 во последната подготвителна средба пред почетокот на Светското првенство во фудбал. За актуелните светски прваци последните 20 минути од натпреварот ги одигра и Лионел Меси и покажа дека е подготвен за Мундијалот.


