Њујорк Никс втора година по ред се пласираа во финалето на Источната конференција откако утрово ја победија Филаделфија на гостински терен со убедливи 144:114, за вкупни 4:0 во серијата.

Филаделфија која претходно го елиминираше Бостон Селтикс, немаше никакви шанси против Њујорк ни во четвртиот меч, кој гостите го добија со 30 поени разлика.

Најефикасен во тимот на Њујорк беше МекБрајд со 24 поени, а Бронсон постигна 23, исто колку и Ембид кој беше најефикасен кај Филаделфија.

Последен пат Њујорк стигна до финале со победа од 4:0 против Аталаната во 1999. Во финалето Њујорк го очекува победникот од серијата Детроит- Кливленд, каде што е 2:1 за Детроит.

 

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.