Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 2:0 против Кливленд Кавалирс во финлаето на плеј офот на Источната конференција на НБА лигата, откако утринава на свој терен победија со 100:93.

Никси до победата ги предводеше Џош Харт со 26 коша, што е негов рекорд воплеј офот, а Џејлен Бронсон даде 19 коша со 14 асистенции. Карл Ентони Таунс го заврши мечот со 18 поени и 13 скока.

Во редовите на Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 26 коша, а Џејмс Харден постигна 18.

За разлика од првиот натпревар кога Никси бркаа разлика на противникот од 22 коша и направија сензационален пресврт, утринава целиот меч го држеа под контрола и постојано беа во водство.

Слични новости

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона