Во дербито на вечерта во НБА лигата Њујорк Никс убедливо славеше против Денвер Нагетс на гостински терен во Колорадо со 142:103.

Екипата на Денвер беше сосема безидејна во нападот, а одигра и исклучително слаба одбрана и прими 143 коша на домашен паркет.

За да бидат работите полоши за Денвер на натпреварот се повреди Џамал Мари кој го напушти теренот и не се врати во игра, а во клубот сеуште немаат проценка за тежината на неговата повреда.

Никола Јокиќ постигна 38 коша, но тој беше единствената светла точка кај Денвер, кој имаше очаен шут за тројка 8 постигнати од 40 обиди.

Слични новости

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Пеп Гвардиола можен нов селектор на Италија

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ објавува дека главен кандидат за селектор на фудбласката репрезентација на Италија е менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.