Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани изјави дека најмалку 18 луѓе починаа во градот за време на студениот бран и дека граѓаните, а особено бездомниците, треба да бараат засолништа. „Секој загубен живот од студот е трагедија“ изјави Мамдани .

Градоначалникот на Њујорк наведе дека екстремно ниските температури уследија по големата снежна бура и додаде дека во некои делови на Антарктикот во тој период било потопло отколку во Њујорк.

Националната метеоролошка служба соопшти дека температурите се меѓу 10 и 15 степени под сезонскиот просек, а во сила е предупредување за екстремен студ.

Здравствените власти ги предупредија граѓаните адекватно да се облекуваат и да избегнуваат престој на отворено, истакнувајќи дека хипотермијата може да настапи за само неколку минути, особено кај хронично болните и постарите лица.  

Слични новости

Москва и Киев ги продолжуваат разговорите со САД, нема трилатерални преговори

Москва и Киев ги продолжуваат разговорите со САД, нема трилатерални преговори

Песков рече и дека евентуалните трилатерални преговори во моментов се на чекање, затоа што САД имаат многу други приоритети. Но, тој порача дека Москва преговара со вашингтон, а истото го прави и Киев.