Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани изјави дека најмалку 18 луѓе починаа во градот за време на студениот бран и дека граѓаните, а особено бездомниците, треба да бараат засолништа. „Секој загубен живот од студот е трагедија“ изјави Мамдани .
Градоначалникот на Њујорк наведе дека екстремно ниските температури уследија по големата снежна бура и додаде дека во некои делови на Антарктикот во тој период било потопло отколку во Њујорк.
Националната метеоролошка служба соопшти дека температурите се меѓу 10 и 15 степени под сезонскиот просек, а во сила е предупредување за екстремен студ.
Здравствените власти ги предупредија граѓаните адекватно да се облекуваат и да избегнуваат престој на отворено, истакнувајќи дека хипотермијата може да настапи за само неколку минути, особено кај хронично болните и постарите лица.
Слични новости
Ледената бура одзеде најмалку 18 животи низСАД
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.
Германскиот министер за одбрана Пасториус остро одговори на коментарите на Трамп
Германскиот министер за одбрана Борис Пасториус го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се извини поради изјавите кои сугерираат дека американските сојузници во НАТО ја одбегнувале службата на првата линија на фронтот во Авганистан.
Масовни протести во Америка по убиството на Прети
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека гувернерот на Минесота Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј „поттикнуваат бунт со својата опасна и арогантна реторика“.


