Властите го идентификуваа човекот осомничен за убиството на извршниот директор на „UnitedHealth“ Брајан Томпсон и го стегаат обрачот околу него, изјави во саботата градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
„Обрачот се стега“, им рекол Адамс на новинарите на божикната забава на Полициската атлетска лига во Харлем, објави весникот The New York Post.
Њујоршкиот градоначалник одбил да го именува осомничениот.
Педесетгодишниот Томпсон, кој стана извршен директор на осигурителната компанија „UnitedHealth“ во април 2021 година, беше застрелан од зад грб околу 6,45 часот по локално време во средата наутро, во како што полицијата го нарече напад со предумисла од маскиран вооружен маж.
Убиството се случи непосредно пред годишната конференција за инвеститори на компанијата која се одржуваше во хотелот „Hilton“ на познатата њујоршка Шеста авенија.
Пукањето предизвика голема потера по напаѓачот, кој побегнал пеш облечен во јакна со качулка, маска и сив ранец пред да замине со електричен велосипед кон Централ парк, соопшти полицијата.
Адамс изјави за Post дека полицијата го држи во тајност името на осомничениот за да му се оневозможо каква и да е предност во истрагата и случајот.
„Сѐ уште не сакаме да го објавиме името. Доколку го сториме тоа, ѝ давате информации на личноста што ја барате, а ние во ниеден случај не сакаме да му помогнеме. Нека продолжи да верува дека може да се сокрие зад маската“, додаде изјавил градоначланикот на Њујорк.
„Го откривме неговиот лик, продолжи тој, покажувајќи ја снимката од безбедносните камери. „Ќе откриеме кој е и ќе го изведеме пред лицето на правдата.
Њујоршката полиција (NYPD) соопшти дека веруваат оти осомничениот го напуштил Њујорк, врз основа на снимката на која се гледа како влегува во такси што го однело на меѓуградска автобуска станица.
Околностите на нападот сугерираат дека тој бил планиран, соопшти полицијата, бидејќи снимката од надзорните камери покажува дека напаѓачот ги игнорирал другите пешаци додека го чекал Томпсон.
Сѐ уште не е познат мотивот на напаѓачот. „UnitedHealth“, инаку, е најголемата американска компанија за здравствено осигурување.
Слични новости
Си одбележува 25 години од враќањето на кинеската јурисдикција над Макао
Си го поздрави „глобално признатиот успех“ на Макао во спроведувањето на моделот „една земја, два система“ и додаде дека градот има ветувачка иднина
Дипломатска мисија на САД во Сирија на средба со новaта власт
Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година
Кошта: Мора да ја зајакнеме Украина за сите можни сценарија
Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија