Њукасл ја подготвува понудата за играчот за врска на Борусија Дортмунд Феликс Нмеча, а првите контакти со 25 годишниот германски репрезентативец се веќе остварени, пренесе Скај спорт.

Њукасл е заинтересиран за Нмеча откако средниот ред на Њукасл го напуштија Бруно Гимараеш и Сандро Тонали.

Њукасл летово обезбеди големи средства со продажбата на Антони Гордон во Барцелона за 80 милиони евра, Сандро Тонали во Тотенхем за 108 милиони евра и Бруно Гимараеш во Арсенал за 87 милиони евра.

Според инфромациите Борусија Дортмунд е подготвена да дискутира за продажба на Нмеча за цена меѓу 100 и 120 милиони евра.

Слични новости

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Премиер лигата му се извини на Манчестер јунајтед и призна дека голот на Халанд во дербите морало да биде поништен

Се огласи судиската организација која ја призна вината и Премиер лигата и му се извини на Манчестер јунајтед со признание дека ВАР собата погрешила и дека голот морало да биде поништен, но натпреварот сепак е регистриран со 0:1 за Манчестер сити.