Според мерењата на Нилсен за септември во САД , Ју Тјуб има гледаност од 12,6 проценти на целиот телевизиски контент, пред Нетфликс со 8,3 проценти, а ниту една друга платформа или телевизија не стигнала до 5 прценти гледаност.
Ју Тјуб гледаноста ја зацврсти откако стана најпопуларен социјален медиум за гледање на микродрами со дури 44 насто гледаност од оние што го конзумираат најновиот тренди формат. Вертикалните видеа досега се сметаа за домеин на ТикТок кој сега има 38 проценти од оние што гледаат микродрама.
ЈуТјуб и ТикТок комбинирано имаат дури 82 проценти од гледаноста на кратките драми кои траат помалку од 10 минути, а зад нив се Инстаграм, Х, Фејсбук и Снепчат. Најголема гледаност микродрамата има кај популацијата меѓу 18 и 34 години.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


