Гледачите во Америка во февруари најмногу гледале телевизија на Јутјуб каналот, покажа истражувањето на Нилсен. Јутјуб гледале на нивниот телевизиски приемник 11,6 насто од Американците со што е на врвот од сите контент платформи и телевизии.

Интересен е фактот што Јутјуб го зазеде првото место поради изненадувачкиот пораст на популација над 50 години која гледа Јутјуб, која ги надмина по гледаност луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години. Истражувањето се однесува само на гледаност на телевизори, а не и на компјутери, таблети и  мобилни телефони.

На второ место според гледаност е Дизни со 10 проценти. На третото место е Фокс со 8,3, бројка која е бустирана со директниот пренос на финалето на американскиот Супербоул. На третото и четвртото место Нетфликс и Парамаунт имаат идентична гледаност од 8,2 проценти.

 

Слични новости

Откриена гробница на непознат египетски фараон

Откриена гробница на непознат египетски фараон

Египетски археолози и истражувачи на музејот при Универзитетот Пенсилванија го објавија откривањето на гробницата на длабочина од седум метри под површината на земјата, во древната некропола на планината Анубис