Јута Џез иако без најдобрите играчи ги изненади Лејкерс на гостувањето во Лос Анџелес со 109:97 и така ја прекина низата на Лејкерси кои до овој меч имаа девет последователни победи.

Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ кој забележа дабл-дабл со 30 коша и 10 асистенции.

Кај Лејкерс најефикасен беше првиот стрелец на НБА лигата Лука Дончиќ со 29 коша, но со лош шут за тројка 2 од 12.

И покрај поразот Лејкерси се први во Западната конференција со 13 победи и 3 порази, а Јута е на претпоследното место со само три победи во досегашниот тек на сезоната.

Слични новости

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Покетино неделава ја презема клупата на Јунајтед, навивачите незадоволни од планираните засилувања

Првата цел на Покетино во дефанзивата е Калвин Баси од Фулам кој може да игра лев бек и стопер. Баси има 26 години, во Фулам дојде од Ајакс, а експертите сметаат дека нема квалитет за да игра во голем англиски клуб.